ПРВ.мк
Република

Популацијата на змија-рибарка на Змискиот остров во Преспа е намалена петпати, најверојатно поради давење во рибарските мрежи, велат од Македонското еколошко друштво

Популацијата на змија-рибарка на Змискиот остров во Преспа е намалена петпати, најверојатно поради давење во рибарските мрежи, велат од Македонското еколошко друштво
Escape

Според теренскиот мониторинг спроведен од Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со експерти од Србија и Франција, бројот на возрасни единки на змијата-рибарка на островот Голем Град значително опаднал од околу 25.000 во доцните 2000-ти и раните 2010-ти, на нешто повеќе од 5.000 денес.

Причината за големиот пад најчесто се поврзува со рибарските мрежи што редовно се поставуваат околу островот, каде змиите лесно се дават. Новиот план за управување со Преспанското Езеро предвидува строга заштитна зона околу Голем Град за да се контролираат и спречат забранетите активности.

Во последните три години има знаци на подобрување на популацијата, што се припишува на поефикасната контрола на риболовот во соседна Албанија, но потребно е продолжување на мониторингот за потврда.

За разлика од змијата-рибарка, популацијата на поскокот на внатрешноста на островот е стабилна, со околу 200-300 единки во последните 19 години.

Истовремено, грчките екологисти известија за уништени и напуштени стотици гнезда на пеликани поради климатските промени кои доведоа до повлекување на водата и изложеност на гнездата на предатори. Тие повикаа на итна заштита на пеликанските колонии во Преспа.

Овие активности се дел од проектот „ПреспаНЕТ III“ за зачувување на биолошката разновидност на прекуграничната Преспа.

Escape