Во дворот на подрачното училиште „Страшо Пинџур“ во кавадаречкото село Дреново започна изградбата на потпорен ѕид со должина од приближно 60 метри.
Инфраструктурниот зафат е дел од комуналната изградба предвидена за 2026 година, а неговата цел е да се обезбеди поголема стабилност на теренот и да се подобрат условите во училишниот простор.

Со изградбата на потпорниот ѕид треба да се зголеми и безбедноста во и околу училишниот двор, особено за учениците и наставниците, но и за жителите на Дреново.
Од Општина Кавадарци посочуваат дека ваквите инфраструктурни активности продолжуваат во населените места, со цел подобрување на локалната инфраструктура и создавање побезбедна, поуредна и поквалитетна средина за граѓаните.












