ПРВ.мк
Македонија

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ДЕТСКИОТ ХОР „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД ВЕЛЕС НА МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО ГРЦИЈА

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ДЕТСКИОТ ХОР „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД ВЕЛЕС НА МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО ГРЦИЈА

Уште еден голем успех за велешката музичка сцена. Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, под диригентската палка на Веселинка Маџарова, повторно се закити со златен медал и го освои првото место на интернационалниот натпревар „Music and See“ во Паралија, Грција.

Натпреварот важи за еден од најпредизвикувачките, со голема и силна меѓународна конкуренција, а велешкиот хор успеа да се издвои со својот настап и да добие највисока оценка.

Особено признание доби и диригентката Веселинка Маџарова, која беше пофалена за изборот на композициите и за подготовката на хорот.

Освојувањето на златниот медал и првото место претставува уште една потврда за посветеноста, талентот и континуираната работа на младите хористи и нивната диригентка.

Со овој успех, Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ уште еднаш достојно го претстави Велес на меѓународната музичка сцена и се враќа дома со највисокото признание од натпреварот.