ПРВ.мк
Црна Хроника

Загина пешак, полицијата го приведе возачот

Загина пешак, полицијата го приведе возачот

Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила ноќеска на влезот во струмичкото село Секирник.

Според информациите од МВР, околу 01:30 часот патничко возило „ренџ ровер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот М.И. од Ново Село, удрило во 47-годишниот пешак Ѓ.К. од Секирник.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, но лекар констатирал смрт кај пешакот.

Возачот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Струмица.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а се преземаат мерки за целосно утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.