Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека денеска е реализирана нова исплата за производителите на градинарски култури.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплатила вкупно 217.241.135 денари на 10.754 производители на градинарски култури.
Средствата се исплатени во согласност со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, преку подмерката која се однесува на директните плаќања за обработлива земјоделска површина.
Поддршката е наменета за земјоделски површини на кои се произведуваат градинарски култури на отворено, како и во пластеници.
Од Министерството посочуваат дека со денешната исплата финансиската поддршка стигнува до повеќе од десет илјади производители кои ги исполнуваат условите за оваа мерка.





