ПРВ.мк
Балкан

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА БАЛКАНОТ? - 21-годишник во притвор поради убиство на сопствената мајка!

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА БАЛКАНОТ? - 21-годишник во притвор поради убиство на сопствената мајка!

Дваесет и едногодишен маж од Нови Сад е во притвор до 30 дена поради сомнение дека ја убил својата мајка во населбата Телеп.

Одлуката за определување на притвор за А.Б. ја донел Вишиот суд во Нови Сад, откако осомничениот претходно бил сослушан во надлежното обвинителство поради сомнение за кривично дело тешко убиство.

Според сомненијата на надлежните, на 18 септември во населбата Телеп, 21-годишникот со нож ѝ нанел повреди на својата мајка од кои таа починала.

Сега истрагата треба да ги утврди сите околности и факти поврзани со настанот, како и што точно му претходело на трагичниот инцидент.

Најнови вести