ПРВ.мк
Македонија

ОД ПОЛНОЌ НОВ УДАР ЗА ВОЗАЧИТЕ: Големо поскапување на дизелот!

ОД ПОЛНОЌ НОВ УДАР ЗА ВОЗАЧИТЕ: Големо поскапување на дизелот!

Од полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која дизелот поскапува за 5,5 денари по литар, додека бензините ќе имаат пониска цена.

Според одлуката, литар дизел гориво од полноќ ќе се продава по 104,5 денари, што претставува значително зголемување во однос на досегашната цена.

Истовремено, бензинот поевтинува за 1,5 денари по литар. Новата цена на бензинот од 95 октани ќе изнесува 99 денари за литар, додека бензинот од 98 октани ќе се продава по 101 денар за литар.

Од Регулаторната комисија објаснуваат дека промената на цените е поврзана со движењата на светските пазари. Во текот на изминатата недела, цената на рафинираниот дизел на медитеранската берза се зголемила за 7 проценти.

Дополнително влијание имало и движењето на курсот на американскиот долар, кој во однос на денарот зајакнал за 1 процент.

Токму овие промени се одразија врз пресметката на новите малопродажни цени на горивата во земјава, па од полноќ возачите повторно ќе плаќаат значително повеќе за дизел.