Нестабилно време зафати повеќе региони во Македонија, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, покажуваат најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според УХМР, поизразена нестабилност е забележана во планинските предели, при што нестабилните облачни маси се движат од север-северозапад кон југ-југоисток. На одделни места е забележана и појава на град.
Во околината на Демир Хисар има пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер, а слична временска состојба е регистрирана и во Битолскиот регион.
УХМР продолжува да го следи движењето и развојот на нестабилните облачни маси.








