ПРВ.мк
Свет

Паника на пистата: Патници скокаа од авион на Рајанер по лажен аларм за пожар – 18 повредени

Паника на пистата: Патници скокаа од авион на Рајанер по лажен аларм за пожар – 18 повредени
Escape

Хаос и страв владееле на аеродромот во Палма де Мајорка, кога во авион на „Рајанер“ се активирал лажен противпожарен аларм, предизвикувајќи итна евакуација и паника меѓу патниците.

Инцидентот се случил по полноќ, во моментите кога авионот се подготвувал за полетување кон Манчестер. Алармот, кој подоцна се покажал како лажен, ги натерал патниците во паника да се симнуваат преку крилата, некои скокајќи директно на пистата.

18 лица се повредени, од кои 6 завршија во болница, пренесуваат локалните медиуми. На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки снимки од настанот, на кои се гледа како патниците трчаат и скокаат во обид да се спасат од наводен пожар.

„Рајанер“ потврди дека се работело за лажно предупредување и дека полетувањето било прекинато навреме. Патниците биле евакуирани преку лизгалки и веднаш вратени во терминалот, а новиот лет бил организиран и извршен во 7 часот утрово.

Итните служби реагирале навремено и ситуацијата е ставена под контрола, но прашањето за техничките пропусти и психолошките последици по патниците останува отворено.

Mia Home Mavrovo