Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на автопатот Е-75 кај Нови Сад во Србија, во правец кон Белград.
Според информациите од итната медицинска служба, несреќата била пријавена околу 10:40 часот, а во судирот биле повредени двајца мажи на возраст од 46 и 58 години, кои биле пренесени во Ургентниот центар во Нови Сад. Уште тројца повредени ги презела Итната помош од Инѓија.
Според неофицијални информации, до несреќата дошло кога комбе удрило во приклучно возило на патарската служба, кое било поставено поради изведување работи на оваа делница од автопатот.
Поради несреќата, на автопатот се формирале големи колони и застои. Сообраќајот во меѓувреме е повторно пуштен, но се одвива отежнато додека полицијата врши увид и ги утврдува причините за несреќата.









