Денес, кога ја одбележуваме првата годишнина од нашата работа во Министерството за култура и туризам, не зборуваме за исполнување на тековни обврски или административни извештаи – туку за целосно ресетирање и рестартирање на културата и туризмот.

Ова е времето на нови пристапи, времето на стратешки и реформски определби, времето на професионалци и стручни тимови со енергија и желба за просперитет!
➡️Реформи и напредок
- Зголемен буџет за култура за 2025 година за 55 милиони денари.
- Делегирани буџети за 18 установи за самостојно планирање.
➡️ Поддржавме повеќе од 2500 проекти од областа на драмска, музичка и музичко-сценска дејност, фолклор, литература и издавачка дејност и визуелни уметности кои ќе ја зајакнат позицијата на културата и ќе придонесат за општествениот и економскиот развој на нашата држава
➡️Поддршка на креативните индустрии
- Повторно објавен конкурс за креативни индустрии;
➡️Меѓународна соработка
- ја промовиравме и афирмиравме македонската култура во странство на реномирани меѓународни манифестации, фестивали, и придонесовме кон зголемувањето на видливоста на програмите на Културно-информативните центри во странство.
➡️Заштита на културното наследство
- реализираме вкупно 551 проект од областа на заштитата на недвижното културно наследство, идентитетот на нашата држава
➡️Капитални проекти во тек
- интензивно се работи на изградба на нов објект наменет за театар и библиотека во Тетово, изградбата на објектот за НУ Турски театар воСкопје, изградбата на „Стар Театар“ во Струмица и почеток со реконструкција – санација и адаптација на објект на поранешно кино „Партизан“ во Битола.
➡️Фокус на туризмот
- Стратешки мерки за подобрување на функционалноста во туристичкиот сектор.
Со измената на законот за игри на среќа кој е во владина процедура, за развој на туризмот ќе се добиваат 4%, а исто така и Агенцијата за филм ќе добива 3% од уплатените давачки за игри на среќа. Овие дополнитилни сретства претставуваат силен инпут за развој на овие два сектора.

Јас како министер, но и сите вработени службеници во МКТ поминавме исклучително тешка година, полна со многу предизвици, во која напорно работевме за темелно расчистување и создавање нови основи во остварување на нашите зацртани цели.
Резултатите се видливи, бидејќи верувам во потенцијалот на нашата култура и туризмот кои треба да создадат позитивни промени и да донесат свежина во нашето општество.