ПРВ.мк
Свет

Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни за Украина

Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни за Украина
Escape

Францускиот претседател Емануел Макрон по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не е постигнат никаков напредок во однос на можен прекин на огнот во Украина. Тој нагласи дека е неопходно прво да се воспостави примирје и да продолжат преговорите.

Макрон истакна дека санкциите на Европската унија и САД остануваат од клучно значење за справување со конфликтот. Во разговорот, освен Украина, биле разгледани и прашањата поврзани со состојбата на Блискиот Исток, вклучувајќи иранско-израелскиот судир и американските напади врз нуклеарни постројки во Техеран.

Овој телефонски контакт беше прв меѓу двајцата лидери по повеќе од две години, откако претходниот значаен разговор се случи во септември 2022 година.

Mia Home Mavrovo