ПРВ.мк
Скопје

Скопје доби ново летно кино: Rooftop Open Air Cinema на покривот на Сити Мол го отвори летото под ѕвездено небо

Скопје доби ново летно кино: Rooftop Open Air Cinema на покривот на Сити Мол го отвори летото под ѕвездено небо
Escape

Во срцето на Скопје, на покривот на Скопје Сити Мол, официјално беше отворено првото летно кино под отворено небо – „Rooftop Open Air Cinema“. Сезоната започна со култниот филм „Интерстелар“ од Кристофер Нолан и ќе трае од 2 јули до 5 септември, нудејќи богата филмска програма три пати неделно, секоја среда, петок и сабота, со почеток во 21 часот.

Покрај светски хитови како „Барби“ и „Топ Ган: Маверик“, посетителите ќе уживаат и во дополнителни забавни активности пред проекциите, како музика во живо, коктели и тематски изненадувања, создавајќи уникатно летно искуство во градот.

Билетите чинат 200 денари и се достапни онлајн и на билетарниците на Синеплекс. Скопје Сити Мол со оваа новина го позиционира својот покрив како нова културна и забавна точка, комбинирајќи филм, градска атмосфера и летна забава.

Mia Home Mavrovo