ПРВ.мк
Свет

Кина директно до ЕУ: Не сакаме Русија да ја загуби војната а еве и зошто!

Кина директно до ЕУ: Не сакаме Русија да ја загуби војната а еве и зошто!
Escape

Во редок и необично отворен дипломатски настап, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ѝ кажал на Европската Унија дека Пекинг не сака Русија да изгуби војната во Украина, објави South China Morning Post, повикувајќи се на повеќе извори од состанокот одржан во Брисел.

Причината? Стравот дека доколку Москва падне, тогаш САД ќе го насочат целото свое внимание кон Кина, што би создало огромен геополитички притисок врз Пекинг. Ванг бил брутално искрен со новата шефица на европската дипломатија, Каја Калас, објаснувајќи дека стратегијата на Кина е водена од реалполитика, а не од морални симпатии.

„Ако навистина ја поддржувавме Русија воено, оваа војна одамна ќе беше завршена“ – рекол Ванг, отфрлајќи ги европските обвинувања за прикриена кинеска поддршка.

Изјавата се толкува како потврда на стравовите во ЕУ дека Кина – иако формално неутрална – има интерес од долготрајноста на конфликтот, кој ги врзува американските ресурси во Европа. Иако Кина се претставува како миротворец, никогаш не ја осуди инвазијата, ниту ги прекина блиските врски со Кремљ.

Официјалното соопштение од Пекинг беше далеку помалку остро, зборувајќи за „заедничка иднина“ и цивилизациска соработка со ЕУ, но дипломатите во Брисел гледаат сè поотворена поддршка за Русија, барем на стратегиско ниво.

Mia Home Mavrovo