Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски информира дека се завршени вештачењата поврзани со случаите на пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и во Онкологија. Тој посочи дека овие вештачења се голем финансиски товар за Јавното обвинителство, бидејќи се изведуваат во друга држава и се доста скапи.
Во врска со случајот Онкологија, веќе е закажана главна расправа, додека за трагедијата во Кочани, која по одлука на Врховниот суд е префрлена на Основниот кривичен суд во Скопје, се уште се очекува оценка на обвинителниот акт.
Коцевски најави дека ќе се разгледува можноста за делегирање на предметот од Јавното обвинителство во Кочани кон ЈО во Скопје, со цел да се поедностави процесот околу евентуалните жалби.
Дополнително, предметот за организиран криминал и корупција поврзан со полициски службеници е во тек на истрага, која се очекува да заврши околу септември годинава. По завршувањето, случајот ќе биде доставен до Кривичниот основен суд во Скопје.