На падините на планината Бистра, меѓу камени куќи и вековни адети, од 11 до 13 јули во Галичник ќе се одржи највпечатливата свадба на Балканот – Галичка свадба 2025. Под покровителство на претседателката Сиљановска-Давкова, оваа година венчавањето ќе го доживеат Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска – и тоа во стил кој ја слави македонската душа, идентитет и вечната љубов.
Свадбената поворка ќе биде исполнета со зурли, тапани, фолклор, бричење на зетот, „Свекрвино оро“ и венчавање во црквата „Св. Петар и Павле“. Најавена е и премиерна монодрама на мијачки дијалект посветена на Ѓорѓија Пулески.
За сите што сакаат да ја допрат живата традиција – ова не се пропушта!
