Во срцето на Скопје, на покривот на Скопје Сити Мол, официјално беше отворено првото летно кино под отворено небо – „Rooftop Open Air Cinema“. Сезоната започна со култниот филм „Интерстелар“ од Кристофер Нолан и ќе трае од 2 јули до 5 септември, нудејќи богата филмска програма три пати неделно, секоја среда, петок и сабота, со почеток во 21 часот.

Покрај светски хитови како „Барби“ и „Топ Ган: Маверик“, посетителите ќе уживаат и во дополнителни забавни активности пред проекциите, како музика во живо, коктели и тематски изненадувања, создавајќи уникатно летно искуство во градот.
Билетите чинат 200 денари и се достапни онлајн и на билетарниците на Синеплекс. Скопје Сити Мол со оваа новина го позиционира својот покрив како нова културна и забавна точка, комбинирајќи филм, градска атмосфера и летна забава.