Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 25-годишен скопјанец, кој на 1 јули со мотоцикл „Кавасаки“ без таблички и без дозвола усмртил пешак на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“, а потоа побегнал од местото на несреќата, оставајќи две повредени лица.
Осомничениот возел по пешачка патека, ја прекршил дозволената брзина, удрил во пешакот, кој од здобиените повреди починал наредното утро, а потоа ги напуштил и повредениот сопатник и моторот. Обвинителството го товари и за неукажување помош и бара притвор, бидејќи постои опасност од бегство и повторување на делото.