ПРВ.мк
Македонија

Македонка и нејзиното бебе убиени во Швајцарија – сопругот осомничен за двојно убиство

Македонка и нејзиното бебе убиени во Швајцарија – сопругот осомничен за двојно убиство
Escape

Трагедија ја погоди швајцарската општина Живисие минатата сабота, кога 30-годишна Македонка и нејзиното шестнеделно бебе беа пронајдени мртви во нивниот семеен стан. Главен осомничен за двојното убиство е нејзиниот сопруг, 43-годишен маж со потекло од Охрид, кој престојувал во Швајцарија со бугарски пасош, објавија швајцарските и македонските медиуми.

Според информациите од порталот „20min.ch“, полицијата во Фрајбур добила пријава околу 16:45 часот за пронајдени тела на жена и бебе во станот. Двете жртви биле прогласени за мртви на лице место, а сопругот, кој бил присутен во станот, се обидел да си го одземе животот и бил хоспитализиран со полесни повреди под полициска придружба.

Јавното обвинителство во кантон Фрајбур отвори истрага за двојно убиство со умисла. Осомничениот А.Т. го признал убиството на сопругата. Телата на М.Т. (родена 1995) и бебето Д.Т. (родено 2025) биле пронајдени во нивниот дом.

Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека амбасадата во Берн била информирана од швајцарските власти на 5 јули. Иако осомничениот има бугарско државјанство, МНР го потврдува неговото македонско потекло.

Амбасадата останува во контакт со локалните институции и семејството на жртвите, обезбедувајќи поддршка согласно своите надлежности.

Овој трагичен случај уште еднаш ја потенцира неопходноста од системска заштита од семејно насилство, без оглед на националноста или државниот статус на жртвите.

Mia Home Mavrovo