Ерика Елениак, која стекна светска слава како Шони Меклејн во легендарната серија „Бејвоч“, во своето време важеше за еден од најсекси идолите. Мажите буквално се восхитуваа на нејзиниот препознатлив црвен костим за капење и нејзиниот магнетизам на екраните.
Но, три децении по нејзината култна улога, многу нешта се промениле. Некогашната манекенка и актерка сега има сосема нов изглед, толку различен што повеќето луѓе веќе не ја препознаваат.
Нејзиниот нов имиџ е исполнет со бројни тетоважи и пирсинг, што ги изненади и шокира обожавателите. Оваа трансформација предизвика различни реакции, а многумина на социјалните мрежи не ја прифаќаат оваа промена.

Фотографите честопати ја сликаат додека шета низ улиците на Лос Анџелес, каде што може да се забележи нејзиниот избор на црна и лежерна облека, која доминира во нејзиниот секојдневен стил.
Ова е сосема нова страница во животот на некогашниот секс симбол, кој денес изгледа сосема поинаку отколку што сите ја паметат.
