Полицискиот хеликоптер Бел-412 денеска повторно беше ангажиран во гаснењето на големиот пожар во општина Чучер Сандево, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
И покрај тешките услови на непристапен терен и густ чад кој го отежнува гаснењето, хеликоптерот успеа да исфрли над 45 тони вода, давајќи значајна поддршка на противпожарните екипи на терен во обидот да го стават пожарот под контрола.
Овој воздушен ангажман е клучен во справувањето со огнената стихија во тешко достапните делови од шумата, каде земјените сили не можат да интервенираат ефективно.


















