ПРВ.мк
Култура

Обнова на Скопското кале: Враќање на симболот на Скопје (ВИДЕО)

Обнова на Скопското кале: Враќање на симболот на Скопје (ВИДЕО)
Escape

Скопското Кале, едно од највредните историски обележја на Скопје, конечно добива заслужено внимание. По години на занемарување, Министерството за култура започнува сериозна иницијатива за негова обнова и активирање.

Во изјава за јавноста, министерот за култура истакна:

„Работиме и на Скопското Кале, симболот на градот Скопје, кое за жал беше заборавено во изминативе 7 години. Поради целосната негрижа, Управата за заштита на културното наследство изработи технички преглед со предмер пресметка за санација на објектите планирани како музеј на праисторискиот и музеј на отоманскиот период, за кои се потребни дополнителни 8.000.000 денари кои ќе бидат обезбедени со ребаланс на буџетот, а нивното ставање во употреба очекуваме да биде во последниот квартал од годината. Она што сакам да најавам е дека следната недела ќе се одвива голема акција за чистење и средување на Калето.“

Целата изјава може да ја погледнете во видеото подолу, кое ја пренесува посветеноста и конкретните планови на министерот за враќање на Калето на културната мапа на главниот град.

Обновата на Калето е чекор напред кон заштита и промоција на нашето културно наследство – и доказ дека кога има волја, има и резултати.

➡️ Видео: Изјава од министерот 

Mia Home Mavrovo