Хрватската музичка ѕвезда Северина повторно ги воодушеви фановите со свежа фотосесија во костим за капење покрај базен. Нејзиното тело изгледа неверојатно – без грам вишок, во совршена форма и речиси непроменето од времето кога имаше триесеттина години.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи собраа лавина на пофалби и коментари.
„Оваа жена не старее“, „Северина само се подмладува со годините“ се дел од реакциите на нејзините обожаватели.
Со својот младешки изглед, самодоверба и неоспорен стил, Северина уште еднаш потврди зошто со децении останува еден од најголемите музички симболи на Балканот.


