Ако губењето на вишокот килограми ви е тешко и покрај трудот, вашиот метаболизам може да биде забавен. Еве зошто:
- Нагло намалување на внесот на калории Држењето строга диета со мал внес на калории може да го забави метаболизмот, бидејќи телото почнува да ја троши мускулната маса за енергија. Решение: јадете редовно, на секои 4 часа.
- Намален внес на белковини Белковините се неопходни за правилно функционирање на метаболизмот и одржување на мускулната маса. Недостатокот може да предизвика слабеење на мускулите и нарушување на органите.
- Недостиг на калциум Калциумот влијае на метаболичките процеси. Добри извори се сирење, јогурт, брокули, кељ, спанаќ и смокви.
- Недостаток на движење Долгото седење го забавува метаболизмот. Пауза на секои два часа, дури и кратко стоење, помагаат во одржување на правилна функција.
- Недостаток на витамин Д Витаминот Д е важен за размена на хранливи материи. Недостатокот го нарушува метаболизмот.
- Пиење алкохол Организмот најпрво го согорува алкохолот, што ги блокира другите метаболички процеси. Ако сакате да слабете, избегнувајте алкохол.
Обратете внимание на овие фактори и ќе ја забрзате вашата метаболичка активност!