ПРВ.мк
Црна Хроника

Филмска потера на вода: Откриена опасна меѓународна рута за шверц на дрога - Еве ги деталите

Филмска потера на вода: Откриена опасна меѓународна рута за шверц на дрога - Еве ги деталите

Српската полиција спроведе голема акција во близина на Бачка Паланка, каде на плажата кај Челарево беа откриени околу 20 килограми висококвалитетен кокаин. Дрогата била транспортирана со моторен чамец по реката Дунав од две засега непознати лица кои успеале да избегаат и се уште се во бегство.

Според првичните информации, ова најверојатно е дел од поширока меѓународна мрежа за шверц, бидејќи локацијата е во близина на граничен појас и често се користи за нелегални премини. Безбедносните служби истражуваат дали оваа пратка е поврзана со балкански или западноевропски канали за дистрибуција.

Иако чистата вредност на дрогата се проценува на околу еден милион евра, по преработка и дистрибуција на уличниот пазар, таа би можела да достигне и до пет милиони евра. Оваа заплена доаѓа кратко по слична операција во Нови Сад, каде претходно беа откриени уште 17 килограми кокаин.

Истрагата продолжува во целосна тајност, а полицијата се обидува да утврди дали Србија била крајна дестинација или само транзитна точка кон Западна Европа.