ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ФИЛМСКА ДРАМА НА МОРЕ: Брод со стотици патници потона!

(ВИДЕО) ФИЛМСКА ДРАМА НА МОРЕ: Брод со стотици патници потона!

Во близина на познатото летувалиште Мармарис се случила драматична морска несреќа кога туристички брод за дневно крстарење почнал да се полни со вода и на крајот потонал во близина на Рајскиот остров.

Бродот, познат под името „Big Boss“ (Велики шеф), превезувал вкупно 148 лица, меѓу кои 120 возрасни, 20 деца и 8 членови на екипажот. Според првичните информации, причината за навлегувањето на вода сè уште не е позната и се истражува.

По пријавата за инцидентот, спасувачките служби веднаш биле мобилизирани. Во акцијата учествувале и блиски пловила кои помогнале во евакуацијата на патниците.

За среќа, сите патници биле успешно и навреме извлечени од бродот и префрлени на брегот. Според официјалните информации, нема повредени ниту жртви, иако сцените на морето биле крајно драматични.

Снимки кои се појавиле на социјалните мрежи покажуваат моменти во кои бродот опасно се навалува пред целосно да исчезне под површината на водата, што дополнително ја зголемило паниката кај туристите.

ВИДЕО