ПРВ.мк
Свет

Царинска бомба од Трамп: Србија и Босна со највисоки царини на блаканот

Царинска бомба од Трамп: Србија и Босна со највисоки царини на блаканот
Escape

Американскиот претседател Доналд Трамп го потресе Балканот со објава на нови реципрочни царини: Србија ќе биде погодена со 35% увозни давачки од 1 август, а Босна и Херцеговина со 30%. Оваа мерка, најавена уште во април, сега е официјализирана со писмо лично упатено до претседателот Александар Вучиќ и објавено на мрежата Truth Social.

Трамп изјави дека, и покрај трговскиот дисбаланс меѓу двете земји, САД остануваат отворени за соработка – но под еден услов: српските компании да почнат да произведуваат на американско тло. Во спротивно, Белград ќе се соочи со уште посилни економски мерки.

Писмото содржи и предупредување – доколку Србија реагира со свои царини кон американските производи, следува ново, уште повисоко зголемување на царините.

Покрај Србија, на листата на санкционирани земји се најдоа и Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Казахстан и уште неколку азиски држави – со различни стапки кои се движат до дури 40%.

Српската влада сè уште молчи, но аналитичарите предупредуваат: ова може да предизвика сериозни економски последици и дополнителни тензии во односите Белград–Вашингтон. Времето за дипломатска калкулација истекува – останува да се види дали Вучиќ ќе оди на компромис или на конфронтација.

Mia Home Mavrovo