ПРВ.мк
Економија

Македонија избива на втората позиција во регионот по резерви на злато - еве колкава е бројката

Македонија избива на втората позиција во регионот по резерви на злато - еве колкава е бројката

Македонија располага со седум тони злато, што ја позиционира на второто место по златни резерви меѓу земјите од поранешна Југославија, веднаш зад Србија со 41 тон, објави 4NEWS.mk, повикувајќи се на хрватскиот медиум RTL.

Зад Македонија се наоѓаат Словенија со околу три тони, Хрватска со 1,75 тони и Босна и Херцеговина со 1,5 тони злато. Овие податоци ја откриваат разликата во економските стратегии на земјите во регионот, особено во однос на зачувување и заштита на монетарните резерви.

Според RTL, цената на златото достигна историски максимум, а аналитичарите прогнозираат понатамошно зголемување на вредноста. Златните резерви претставуваат сигурна заштита на економијата, особено во услови на глобални кризи и инфлација.

На глобално ниво, водечки се САД со над 8.000 тони, следат Германија со 3.500 тони, Италија и Франција со околу 2.500 тони, додека Русија се наоѓа на петтото место со нешто над 2.300 тони злато.

Escape