Случај на недолично однесување кон малолетно девојче е пријавен во Битола, откако нејзиниот татко се обратил во полиција и пријавил дека неговата ќерка била недолично допирана од повозрасно лице.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 19 ноември, околу 20:45 часот во Битола. Пријавата била поднесена во СВР Битола нешто по полноќ, од страна на 38-годишниот татко на девојчето.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил настанот.




