ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМ УСПЕХ НА КАВАДАРЕЧКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ: Сите три нивни бизнис идеи влегоа во финале меѓу над 600 пријавени – потребна им е нашата поддршка!

ГОЛЕМ УСПЕХ НА КАВАДАРЕЧКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ: Сите три нивни бизнис идеи влегоа во финале меѓу над 600 пријавени – потребна им е нашата поддршка!

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, оствари средба со учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, кои со три иновативни бизнис идеи постигнаа значаен успех на натпреварот организиран од „Brainster“.

Во силна конкуренција од над 600 пријавени бизнис идеи, само 140 успеаја да се пласираат во следниот круг, а меѓу нив се најдоа сите три тима на кавадаречките гимназијалци со проектите:

  • „ЕдуКомпас“
  • „Тиквешко Злато“
  • „Еколошка амбалажа за пијалоци“

На средбата градоначалникот Јанчев им упати честитки на учениците за досегашниот успех, истакнувајќи дека младите, нивната креативност, знаење и претприемачки дух се главната движечка сила за идниот развој на Кавадарци. Од локалната самоуправа порачуваат дека Општина Кавадарци останува силен поддржувач на младите таленти, нивните идеи и амбиции.

Кавадаречките гимназијалци сега имаат потреба од поддршка од јавноста за да направат чекор поблиску до конечниот успех, а граѓаните можат да го дадат својот глас за трите тима на следниот линк: https://milioner.mk/vote.