Полициски службеници од СВР Скопје вчера привеле 32-годишен скопјанец на подрачјето на Карпош, по пријава дека подолго време ја вознемирувал 23-годишна девојка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Г.С. бил приведен во 20 часот, откако жената пријавила дека тој телефонски ѝ се јавувал, ѝ испраќал пораки, ја следел пред нејзиниот дом и тропал на влезната врата.
Полицијата постапила по пријавата на 23-годишната жена, а 32-годишникот бил лишен од слобода.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



