ПРВ.мк
Црна Хроника

НАСИЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ЗАПИРА: Пријави за напади врз сопруги, партнерки и малолетни деца, полицијата интервенирала во низа случаи!

НАСИЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ЗАПИРА: Пријави за напади врз сопруги, партнерки и малолетни деца, полицијата интервенирала во низа случаи!

Повеќе случаи на физичко насилство, закани и нарушување на семејната сигурност биле регистрирани во изминатиот период во Пробиштип, Куманово, Свети Николе, Скопје, Охрид и Радовиш, информира Министерството за внатрешни работи.

Во Пробиштип, Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднела кривична пријава против 49-годишниот Ј.Ј. поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Според пријавата, на 7 овој месец, во семејната куќа, по претходна расправија, тој физички ја нападнал сопругата.

Кривична пријава е поднесена и против Д.К. од Куманово, кој се сомничи за телесна повреда. Според полицијата, на 17 октомври во кумановско, тој физички ја нападнал својата партнерка.

Во Свети Николе, 54-годишниот Љ.Н. се соочува со кривична пријава за „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“. На 15 ноември, во семејниот дом, по претходна расправија, тој упатил закани кон сопругата и ќерката, иако со решение на Основниот суд во Свети Николе му било забрането да им се заканува, да ги малтретира и да ги вознемирува.

Во Скопје, рано утринава, во 00:05 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 45-годишниот С.И. од Скопје, поради сомнение дека физички ја нападнал својата малолетна ќерка. Случајот се документира, по што ќе следува соодветен поднесок.

Насилство врз малолетно дете било пријавено и во Охрид. Вчера во 11:30 часот, во СВР Охрид било пријавено од основно училиште дека нивна 11-годишна ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка во семејниот дом. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во истиот град, утринава во 03:45 часот, полицијата го лишила од слобода 42-годишниот В.М. од Охрид, по претходна пријава од неговата вонбрачна партнерка дека по кратка расправија во неговиот дом физички ја нападнал. По документирањето на случајот ќе следува соодветна пријава.

Случај на семејно насилство бил регистриран и во радовишко. Синоќа во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода 38-годишен жител на радовишко село, по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 32-годишна сопруга.

Тој е задржан во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести