ПРВ.мк
Црна Хроника

СИНОВИ КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Двајца ја нападнале, третиот ѝ се заканувал со смрт на сопствената мајка!

СИНОВИ КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Двајца ја нападнале, третиот ѝ се заканувал со смрт на сопствената мајка!

СВР Штип поднело кривични пријави против двајца млади жители на Штип поради сомневање за насилство врз нивната мајка, а против едниот од нив и за упатување закани по нејзиниот живот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Ф.Д. (20) и Д.Д. (19) за сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, додека против Д.Д. (19) е поднесена пријава и за „загрозување на сигурноста“.

Од полицијата информираат дека на 1 ноември 2026 година, во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, првопријавениот Ф.Д. извршил психичко насилство врз неговата мајка.

Во друг случај, второпријавениот Д.Д. кон крајот на октомври 2026 година физички ја нападнал мајката во семејниот дом. Дополнително, на 30 октомври 2026 година, тој ѝ упатил закани по нејзиниот живот.

За случаите се поднесени кривични пријави, а понатамошното постапување е во надлежност на институциите.

Најнови вести