Нова пријава за физички напад врз малолетно девојче е регистрирана во Скопје, откако неколку малолетнички на подрачјето на Бит Пазар нападнале девојче, а инцидентот бил снимен и споделен на социјалните мрежи.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:10 часот во СВР Скопје, 45-годишна жителка на скопското село Пагаруша пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната.
Во пријавата, Н.С. навела дека нападот се случил околу 13:30 часот на подрачјето на Бит Пазар. За време на инцидентот, еден малолетник го снимал настанот со мобилен телефон, а видеото подоцна било објавено на социјална мрежа.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



