Во Кавадарци во тек се градежните активности за изградба на улицата „12 Другари“, која е со вкупна должина од 160 метри и ширина на коловозот од 7 метри, информираат од локалната самоуправа.
Во следната фаза од реализацијата на овој инфраструктурен проект е предвидено поставување на рабници, по што ќе следува и асфалтирање на коловозот.
Вкупната финансиска вредност на инвестицијата изнесува 3,5 милиони денари.
Од Општина Кавадарци истакнуваат дека локалната самоуправа продолжува со континуирани вложувања во патната инфраструктура низ градот, со цел да се создадат подобри услови за одвивање на сообраќајот, поголема безбедност и поквалитетно секојдневие за сите граѓани.


