Основното јавно обвинителство во Панчево поднесе обвинителен акт против 51-годишен маж од Старчево, Србија, кој се товари за четири кривични дела поврзани со семејно насилство.
Според обвинението, инцидентот се случил на 26 јули 2026 година во семејниот дом. Мажот, кој бил под дејство на алкохол, во присуство на своите три ќерки, од кои две малолетни, на сопругата ѝ упатувал закани дека ќе ја убие и повреди.
Во еден момент извадил пиштол и пукал пред членовите на семејството. Потоа оружјето ѝ го предал на својата малолетна ќерка и ѝ рекол да пука во него. Девојчето одбило, по што тој повторно го зел пиштолот.
Осомничениот бил лишен од слобода, а Основниот суд во Панчево му определил притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.
Обвинителството побарало притворот да биде продолжен и по поднесувањето на обвинителниот акт, како и на обвинетиот да му биде изречена најстрогата казна предвидена со закон.










