Пожар избувна попладнево во деловен објект во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје, по што на терен веднаш интервенирале екипи на скопската Противпожарна бригада.
Според првичните информации од пожарникарите, пожарот избувнал околу 17 часот, а зафатени се канцелариски простории на приватна компанија.
Противпожарните екипи во моментов се на терен и се обидуваат да го стават огнот под контрола.
Од Противпожарната единица информираат дека засега нема повредени лица.
Сè уште нема информации што точно се наоѓа во останатиот дел од просториите, бидејќи објектот е во пламен и интервенцијата продолжува.










