ПРВ.мк
Магазин

„НЕ СЕ СЕЌАВАМ НА НИШТО“: Направил хаос во авион, нападнал патници, а сега ги обвинува коктелите

„НЕ СЕ СЕЌАВАМ НА НИШТО“: Направил хаос во авион, нападнал патници, а сега ги обвинува коктелите

Вистинска драма се случила на лет на „Американ ерлајнс“, откако 67-годишен патник станал агресивен, нападнал сопатници и предизвикал хаос во авионот, поради што екипажот бил принуден вонредно да слета.

Инцидентот се случил на 3 септември на летот АА618 од Далас кон Њуарк. Според сведоштвата, патникот Артур Л. почнал да се однесува агресивно, навредувал други патници, извикувал расистички навреди, а во еден момент фатил сопатник за врат и удирал околу себе.

Ситуацијата станала толку сериозна што патниците и екипажот морале заеднички да го совладаат. Тој бил врзан за седиштето со пластични врски и леплива лента, а авионот наместо во Њуарк вонредно слетал во Балтимор.

Сега, на судското рочиште, 67-годишникот тврдел дека не се сеќава на ништо од она што се случувало во авионот.

Според неговото објаснување, пред инцидентот испил два алкохолни коктели, за кои смета дека можеби биле причина за неговото однесување.

Кога бил соочен со обвиненијата, тој реагирал со изненадување и рекол дека не може да се сети на настаните. Навел дека патувал за Њујорк за да ѝ помогне на својата ќерка при преселба и дека не знаел како на крајот завршил во Мериленд.

Мажот привремено е пуштен на слобода без кауција, но судијата му наредил да не консумира алкохол или дрога, со исклучок на препишани лекови. Судењето е закажано за 19 октомври.