ПРВ.мк
Сцена

Овака изгледаа последните часови на синот на Синди Крафорд (ФОТО)

Овака изгледаа последните часови на синот на Синди Крафорд (ФОТО)

Пресли Гербер, 27-годишниот син на Синди Крафорд и Ренде Гербер, починал во неделата, 20 септември, во центар за рехабилитација во Санта Моника, само неколку часа откако бил примен во установата.

Според информации објавени во американските медиуми, Гербер пристигнал во центарот околу 22 часот во саботата. Следното утро, околу 9:35 часот, итните служби добиле повик за срцев застој и сомнеж за предозирање. Медицинските екипи се обиделе да го реанимираат, но во 9:45 часот била констатирана смрт.

Полицијата во Санта Моника го истражува случајот како можно предозирање, но засега нема индикации за насилна смрт. Аутопсијата е направена, но официјалната причина и начинот на смртта сè уште не се утврдени бидејќи се чекаат дополнителни тестирања.

Пресли со години јавно зборуваше за проблемите со зависноста и менталното здравје. Во март годинава сподели дека во Мексико поминал третман со ибогаин, психоактивна супстанција која не е одобрена за ваква терапевтска употреба во САД.

Неговото семејство побара приватност додека се справува со загубата.