ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЖАР ЗАФАТИ КУЌА: При гаснењето пожарникарите пронашле безживотно тело во една од собите!

ПОЖАР ЗАФАТИ КУЌА: При гаснењето пожарникарите пронашле безживотно тело во една од собите!

Вчера околу 17:55 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека избувнал пожар во куќа во селото Пирава, Валандовско.

На местото веднаш била испратена увидна екипа од ОВР Валандово, која извршила увид по пожарот.

При гаснењето на огнот, во една од просториите на куќата било пронајдено безживотното тело на 69-годишниот Е.О. од селото Пирава.

Од екипа на Итната медицинска помош од Валандово била констатирана смртта на лицето.

За случајот бил известен и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а надлежните институции продолжуваат со постапувањето за утврдување на околностите под кои избувнал пожарот.