ПРВ.мк
Балкан

АВТОБУС СЕ ЗАБИ ВО СТАНИЦА:  Возачот изгубил контрола - луѓе лежат повредени! 

АВТОБУС СЕ ЗАБИ ВО СТАНИЦА:  Возачот изгубил контрола - луѓе лежат повредени! 

На автобуската станица во Живинице денеска се случи тешка сообраќајна несреќа кога автобус, од засега неутврдени причини, удри во објектот на станицата. Според првичните информации, повредени се повеќе лица.

Автобусот влетал директно во просторот на автобуската станица, при што е причинета голема материјална штета на возилото и на самиот објект.

На фотографиите што ги објави порталот „Црна хроника“, се гледа дека предниот дел од автобусот е значително оштетен, додека делови од конструкцијата на станицата се уништени и разфрлани низ просторот наменет за патниците.

Несреќа во Живинице: Автобус влетал во станицата, повредени се повеќе лица

На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош од Живинице, кои им укажале прва помош на повредените лица.

На терен се и полициски службеници кои го обезбедуваат подрачјето, како и медицински работници.

Засега не е познат точниот број на повредени лица, ниту степенот на нивните повреди.

Исто така, сè уште не се познати околностите под кои возачот на автобусот ја изгубил контролата над возилото и удри во објектот на автобуската станица.