ПРВ.мк
Наука/Технологија

(ВИДЕО) НЕСЕКОЈДНЕВНА ТЕПАЧКА: Човек против робот во ММА кафез!

(ВИДЕО) НЕСЕКОЈДНЕВНА ТЕПАЧКА: Човек против робот во ММА кафез!

Американскиот инфлуенсер Френки Лапена, кој на Инстаграм има повеќе од три милиони следбеници, влезе во ММА кафезот за необична пресметка со робот, но од борбата излезе како поразен.

Настанот бил најавен како историска, прва официјална борба меѓу човек и машина. Лапена се соочил со роботот наречен „Рекбот“, кој е производ на компанијата „Рек Роботикс“.

Роботот е висок околу 180 сантиметри, а неговиот изглед потсетува на познатиот модел Т-800 од филмскиот серијал „Терминатор“. Пред почетокот на борбата, која била промовирана под името „Човек против Терминатор“, еден од присутните дури му дофрлил на Лапена дека се плаши за него.

Инфлуенсерот успеал да зададе неколку удари во текот на пресметката, но роботот на крајот возвратил и го соборил со удар со ногата.

По завршувањето на борбата, Лапена останал на подот со видливи модринки и очигледна болка.

Снимката од необичната борба брзо предизвикала големо внимание на интернет, а корисниците масовно коментирале за несекојдневната пресметка меѓу човек и машина.

„Заборавете на УФЦ, сакам да гледам повеќе од ова“, напишал еден корисник.

Други коментари биле во сличен тон, со прашања од каде му била храброста на Лапена да влезе во кафез со робот, додека еден корисник ја споредил сцената со најава за нова сезона на серијата „Црно огледало“.

„Ние, луѓето, сме готови“, заклучил друг корисник.

ВИДЕО