ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖНА ВЕСТ ЗА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА: Почина долгогодишниот лекар д-р Ванчо Граматов!

ТАЖНА ВЕСТ ЗА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА: Почина долгогодишниот лекар д-р Ванчо Граматов!

На 67-годишна возраст почина д-р Ванчо Граматов, специјалист по општа хирургија и долгогодишен лекар во велешката болница. Граматов почина на 21 септември во Велес.

Д-р Граматов е роден на 22 август 1959 година во Охрид, а својот професионален ангажман во велешката болница го започнал во 1986 година.

Во периодот од 2006 до 2013 година ја извршувал функцијата директор на болницата. Бил активен и во синдикалното организирање, каде што во два мандати бил претседател на синдикатот.

Во текот на своето работење во болницата, Граматов дал придонес и за изградбата на црквата „Св. Кузман и Дамјан“ во болничкиот круг. Црквата била изградена по негова иницијатива.

Од 1 април оваа година д-р Граматов бил во пензија, по долгогодишната работа во здравствениот систем.

Погребот на д-р Ванчо Граматов ќе се одржи утре на градските гробишта кај црквата „Св. Спас“ во Велес. Телото ќе биде изложено од 11 часот, а погребот е закажан за 12 часот.