ПРВ.мк
Свет

ИЗЧЕЗНА АВИОН ВО КОЈ БИЛЕ ПОЗНАТ ПЕАЧ И БИЗНИСМЕН: Во тек е голема потрага, хеликоптери кружат на местото каде што е фатен последниот сигнал!

ИЗЧЕЗНА АВИОН ВО КОЈ БИЛЕ ПОЗНАТ ПЕАЧ И БИЗНИСМЕН: Во тек е голема потрага, хеликоптери кружат на местото каде што е фатен последниот сигнал!

Летала во која се наоѓале бразилскиот пејач Рик и бизнисменот Бруно Авелар, која полетала од Порто Бело кон Сао Паоло, исчезна во регионот Урубиси на југоистокот на Бразил, соопшти денеска локалната полиција.

Потрагата, во која учествуваат хеликоптери, е организирана според последната позната локација на која е фатен сигналот од мобилниот телефон на еден од членовите на екипажот, пренесува „Глобо“.

Според соопштението на прес-службата, во леталото имало четири лица:

  • пејачот Рик, чие вистинско име е Жералдо Антонио де Карваљо,
  • бизнисменот Бруно Авелар,
  • неговиот снимател Пауло Соареш и
  • пилотот, чие име не е објавено.

Авионот ја изгубил комуникацијата околу 17:00 часот по локално време, над планинскиот регион во сојузната држава Санта Катарина во Бразил.

Локалните медиуми наведуваат дека Рик е член на музичкото дуо Рик и Ренер, кое почнало да настапува во 1980-тите и објавило повеќе албуми во жанрот сертанежо музика.

Последната снимка од леталото?

Sundayguardianlive.com пренесува дека екипата била во хеликоптер кој тргнал од Порто Бело, но не стигнал до Сао Жоаким.

На социјалните мрежи се шири снимка на која наводно е хеликоптерот во кој биле 59-годишниот Рик и останатите. Автентичноста на снимката сè уште не е потврдена.