ПРВ.мк
Црна Хроника

ЗАКАНИ, САБОТАЖА, ПА НАПАД: Познат гинеколог претепан во ординацијата, завршил со скршен вратен пршлен!

ЗАКАНИ, САБОТАЖА, ПА НАПАД: Познат гинеколог претепан во ординацијата, завршил со скршен вратен пршлен!

Гинекологот Дејан Огненовиќ бил нападнат во својата ординација во поликлиниката „Букурешт“, додека прегледувал пациентки. По нападот, тој се здобил со скршен втор вратен пршлен.

Според информациите објавени од ТВ Сител, напаѓачот најпрво му упатил вербални закани, по што физички го нападнал лекарот.

Огненовиќ за Сител изјавил дека нападот го доживува како последен во низата закани и притисоци со кои, како што тврди, се соочувал во изминатиот период. Според него, мотивот е обид да биде отстранет од оваа ординација и да биде преместен, а зад тоа ја посочува конкуренцијата.

Неколку дена пред нападот, според тврдењата на докторот, две женски лица облечени во бели медицински мантили ставиле црна лента врз камерите од видеонадзорот во ординацијата. На тој начин, како што вели, било оневозможено снимањето. Претходно бил пресечен и интернет-кабелот.

Огненовиќ објаснува дека камерите биле поставени откако во неколку наврати од ординацијата исчезнувале медицински досиеја на пациенти.

Според медицинската документација од ТОАРИЛУЦ, кај лекарот била констатирана повреда, односно скршен втор вратен пршлен. Во првите часови по нападот имал и потешкотии со вилицата и движењето на рацете.

Нападот се случил на 16 септември и бил пријавен во полиција. Огненовиќ вели дека по инцидентот стравува за сопствената безбедност, но и за безбедноста на неговото семејство.

Гинекологот пред две и пол години ја презел ординацијата под концесија.