Во центарот за лекување болести на зависност пристигнал видно нерасположен, а неколку часа подоцна бил пронајден без свест и прогласен за мртов
Пред шест месеци, Пресли јавно зборуваше за третманот со ибогаин во Мексико, кој е забранет во САД, поради борбата со зависноста и депресијата
Синот на познатата манекенка Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, 27-годишниот манекен Пресли Гербер, бил пронајден без свест во луксузен центар за рехабилитација во Санта Моника, по што бил прогласен за мртов.
Според информациите од извори блиски до истрагата, Пресли Гербер во установата за лекување болести на зависност пристигнал во саботата навечер, при што не изгледал трезно.
Само неколку часа по приемот, во неделата наутро околу 9:35 часот, полицијата добила итен повик поради сомневање за предозирање.
Припадниците на полициската управа во Санта Моника го затекнале синот на Синди Крафорд во бесвесна состојба и веднаш започнале мерки за спасување на животот. За жал, Пресли Гербер бил прогласен за мртов само 10 минути подоцна.
Синди била исклучително блиска со синот, денес е нетешлива од болка
По смртта на младиот модел, извор за „Page Six“ откри дека Синди (60) исклучително тешко ја поднесла неговата смрт, бидејќи таа и Пресли „биле многу блиски“.
— Онова што го гледавте на интернет и во печатот не беше само за медиумска слика. Беа исклучително поврзано семејство, а Каја и Пресли беа повеќе од обични брат и сестра. Синди е целосно скршена — изјави изворот.
— Ова е најстрашниот кошмар на секој родител, а семејството и понатаму се обидува да процесира сè што се случило. Синди беше исклучително вклучена во сè што се однесуваше на одгледувањето на Каја и Пресли. Никогаш не пропушташе училишни активности и секогаш држеше сè под контрола кога беа во прашање нејзините деца — наведе изворот.
Полицијата истражува предозирање
Nадлежните органи во моментов ја истражуваат неговата смрт како сомневање за предозирање со наркотици, при што не се сомневаат на насилна смрт. Официјалната причина за смртта сè уште не е јавно објавена.
Отишол на третман кој е забранет во Америка
Само 6 месеци пред трагичниот исход, Пресли Гербер во март 2026 година сподели со јавноста дека се подложил на контроверзен третман со ибогаин во специјализирана клиника во Канкун, Мексико. Овој третман, кој чини од 12.500 долари за програма од 10 дена, вклучува висока доза на психоактивна супстанција потекната од една африканска билка и е забранет во САД, но се користи за ублажување на симптомите на апстиненцијална криза.
Јавно зборуваше за депресијата што ја имал
Иако порасна пред очите на јавноста, Пресли Гербер не се воздржуваше отворено да зборува за проблемите и зависноста од дрога со кои се бореше со години. Неговото последно обраќање на социјалните мрежи сега најдобро докажува низ каков пекол минувал.
Во својата последна објава на Инстаграм, Пресли целосно ја отвори душата и искрено зборуваше за својата тешка борба и чувства. На следбениците им остави порака која денес звучи исклучително потресно:
— Изгубив многу нешта на различни начини во изминатите години. Тоа не е изговор, но е причината зошто сум сега овде. Моите мантри беа „сакај се себеси“ и „ова мора да биде последен пат да сум тука поради оваа причина“. Не ми беше лесно да ја препуштам контролата, но verував дека постои нешто поголемо од мене што води сè. Знаев зошто сум овде. Се соочив со она од кое бегав и некаде во сето тоа почнав повторно да го наоѓам патот до себе. Ќе видиме… Се молам ова да биде последен пат што морам да се вратам — изјави тој во последното обраќање на социјалните мрежи.









