ПРВ.мк
Сцена

(ВИДЕО) ВЕЛЕШКИОТ ХОР ЗАПЕА ВО ГРЦИЈА: Настап кој привлече внимание

(ВИДЕО) ВЕЛЕШКИОТ ХОР ЗАПЕА ВО ГРЦИЈА: Настап кој привлече внимание

Убавите моменти од престојот во Паралија, Катерини, ги сподели велешкиот хор, кој деновиве престојува во Грција.

На видеото се гледаат младите членови на хорот собрани пред еден објект во познатото летувалиште, додека со нив диригира наставничката Веселинка. Со песна и заедничко дружење, младите велешани ја збогатија атмосферата во Паралија и покажаа дека музиката е одличен начин за создавање убави спомени.

Нивната изведба го привлече вниманието и на присутните, кои имаа можност да уживаат во настапот на велешкиот хор во текот на нивниот престој во Грција.