По повод Светскиот ден без автомобили, Општинскиот сојуз на училишен спорт, во соработка со Локалната самоуправа, денеска реализираше низа спортски активности насочени кон промоција на здравите животни навики и заштитата на животната средина.
Централен настан на денешното одбележување беше рекреативното велосипедско дефиле. Соземањето започна од дворот на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, а учесниците возија по дефинирана рута сè до познатиот спомен-локалитет „12 Младинци“ во Ваташа.
Со оваа масовна спортска активност официјално беше означен и стартот на предвидените училишни спортски програми за новата учебна година.
Преку ова дефиле беше испратена јасна порака до јавноста за значењето на редовната физичка активност, поголемо користење на велосипедот како еколошки алтернативен превоз и заедничката одговорност за зачувување на чистата и здрава животна средина.





