ПРВ.мк
Македонија

МОДЕРЕН СПА ЦЕНТАР ЗА РЕЛАКСАЦИЈА: Погледнете како ќе изгледа новиот комплекс до затворениот базен во Кавадарци!

МОДЕРЕН СПА ЦЕНТАР ЗА РЕЛАКСАЦИЈА: Погледнете како ќе изгледа новиот комплекс до затворениот базен во Кавадарци!

Интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на новиот СПА центар, кој се реализира како доградба на постојниот спортско-рекреативен објект – затворениот базен, на вкупна површина од 240 квадратни метри.

Со овој нов проект, објектот добива дополнителна вредност, а граѓаните ќе уживаат во значително побогата и покомплетна понуда за рекреација и релаксација.

Новиот современ простор е дизајниран да понуди врвни услови за одмор, а меѓу содржините ќе бидат достапни:

  • Парна бања и сауна
  • Пространо џакузи
  • Топли лежалки и клупи за релаксација
  • Модерно опремени тушеви и соблекувални
  • Специјализирани простории за масажа
  • Придружни санитарни и технички простории

Со изградбата на овој СПА центар, затворениот базен прераснува во современ спортско-рекреативен комплекс кој ги исполнува сите стандарди за квалитетно слободно време.

Изведувач на градежните работи е познатата компанија „Жикол“, а работите се одвиваат според предвидената динамика.