Мистерија се истражува околу тешките телесни повреди со кои 35-годишен штипјанец бил пренесен на лекување во скопските клиники, откако се појавиле две различни верзии за тоа како дошло до повредувањето.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година, во 10:00 часот, во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив бил донесен Р.Ј. (35) од Штип со тешки телесни повреди.
Според пријавата што ја дал таткото на повредениот, на 16 септември тој од јавна здравствена установа во гевгелискиот регион, каде што неговиот син се лекувал, бил известен дека Р.Ј. паднал од кревет и при падот се повредил.
Сепак, изјавата на самиот 35-годишник била поинаква. Тој пријавил дека додека престојувал во здравствената установа бил физички нападнат од болничар.
Поради различните наводи за околностите под кои настанале повредите, полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.





